Престрелки и експлозии во Бужумбура
Престрелки и експлозии на гранати утрово се слушаат во неколку квартови на главниот град на Бурунди, Бужумбура, при што се загинати десетици лица.
- Досега насилството беше до покраините на Бужумбура, но војниците веќе ги блокираат патиштата. Училиштата се затворени, а граѓаните не можат да одат на работа. Има судири во неколку кваротви, вклучително Нгагара, Мусага, Нјукабига и Каноша, изјави портпаролот на полицијата.
Тој додаде дека квартовите се нападнати од криминалци.
Очевидци тврдат дека биле нападнати и касарните. Неименуван висок воен претсатвник изјави дека по двочасовните судири практично биле елиминирани сите напаѓачи во Нгагара.
Насилството во Бурунди трае од април, кога актуелниот претседател Пјер Нкурунзиза најави дека ќе се кандидира за трет мандат. Тој победи на изборите во јули, но опопзицијата не учествуваше. Според невладините организации од април досега загинале над 240 луѓе.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор