Македонија
8. October 2015 - 19:53

Престрелка во Ѓорче Петров, полицијата фати ограбувач на банка

Вооружен разбојник ја ограбил филијалата на “Стопанска Банка“ во Ѓорче Петров. 43 годишниот скопјанец Алексанр М, со маска на лицето влегол во банката, го извадил пиштолот и од касата одзел огромна сума на пари.

Вработената веднаш го пријавила случајот во полиција, од каде експресно излеге припадници на специјалната единица Алфа по што следувала вистинска драма на улиците на Ѓорче Петров.

Стенд Ап, Љупчо Златев, Репортер - Откако го извршил грабежот, крадецот со својот автомобил се упатил кон Центар. Полицијата го пресретнала овде, во Влае во близина на мостот Влајко. Бил предупреден да запре, но тој на предупредувањето вратил со оган. По што и полицијата возвратила па по престрелката бил пренесен во болница.

Очевидците не сакаа да зборуваат пред камера за настанот. Велат дека десетиците куршуми кои може да се видат во каросеријата на Цитроенот на Алексамнр М. на се доволен доказ за престрелката која потесетува на приказните од двидот запад.Сител дознава дека разбојникот е полесно повреден и се наоѓа надвор од животна опасност. Полицијата ги пронашла и украдените пари кои ќе се вратат на Стопанска Банка.