Македонија
9. February 2017 - 8:39

Престана да важи бесплатниот градски превоз во Скопје

Од денеска се укинува бесплатниот превоз за сите граѓани во автобусите на ЈСП Скопје и кај приватните превозници и ослободувањето од работа за вработените во Град Скопје и во јавните градски претпријатија над 60-годишна возраст со хронични заболувања и за бремените жени.

Како што соопшти Град Скопје, во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, кое е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината.

Град Скопје ќе продолжи со интензивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината. Ќе се продолжи со интензивно миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје.

Градските власти ќе го продолжат интензивниот инспекциски надзор над инсталациите што се во нивна надлежност.