Македонија
27. September 2016 - 13:31

Press24: И денеска се објавуваат нови прислушувани разговори – кој ги објавува?

Како печурки никнуваат нови албански страни на социјалните мрежи каде што се споделуваат приватни разговори во кои главни ликови, според оние кои ги објавуваат се албански политичари од државниот врв, од редовите на ДУИ, пишува порталот Press24.

Откако вчера медиумите објавија за извесна фан страна која објавила серија прислушувани разговори за кои тврди дека се од пратеничката Ермира Мехмети, екс вице премиерот Муса Џафери, лидерот на ДУИ, Ахмети, но и останати високи функционери од Мала Речица, денеска разговори може да се слушнат на уште една страница на Facebook.

-Краткото разгледување покажува дека оваа фан страна е направена пред 5 дена и има само 233 луѓе кои кликнале лајк. Единствено што објавува се незаконски прислушувани разговори за кои тврди дека се функционерите на ДУИ. Кој стои зад овие страни и како овие разговори пристигнале во рацете на овие луѓе најверојатно ќе покаже истрагата. Лидерот на ДУИ побара најостри казни за оние кои ги објавуваат незаконски стекнатите разговори, пишува порталот.

Весникот Дневник, повикувајќи се на неофицијални информации пишува дека снимките се поврзуваат со Захир Бекири Чаушот кој беше уапсен во „Фабриката за афери на СДСМ“ и со косовското подземје.

ali-dnevnik

Се уште нема официјална потврда дали снимките се дел од пакетот со кој располагаше Заев. Полицијата при приведувањето на Чауш во неговиот фолдер именуван „СДСМ Заев“ пронајде околу 70.000 разговори. Беше пронајден и хард диск на кој исто така имаше незаконски прислушувани разговори. Тогаш медиумите објавија дека разговорите им се нуделе на лица од косовското подземје, а со нив се тргувало и во Србија преку еден македонски новинар.

За ова, според информациите кои тогаш ги објави Дневник, истрагата имала и докази во пресретнатата комуникација меѓу осомничените кои тогаш беа приведени во акцијата „Фабрика за афери на СДСМ“.

Дел од разговорите веќе се најдоа на некои косовски медиуми, што само дополнително го потврдува сомнежот дека станува збор за снимки кои до медиумите стигнале преку косовските структури со кои соработувал Чауш.

Од друга страна, СДСМ не крие дека лицето Захир Бекири Чауш е дел од нивната партиска структура.

zaev caus

Откако првично негираше дека го познава, фотографијата од канцеларијата на Бихаќка го натера лидерот на СДСМ Зоран Заев да признае дека ја лажел јавноста и дека одржувал блиски средби со Чаушот, потсетува Press24.

И генералниот секретар на СДСМ и технички министер за внатрешни работи Оливер Спасовски имал блиски релации со Чаушот, што го потврдуваат и серија фотографии кои Чауш ги споделувал на социјалните мрежи.

oliver-caus

Медиумите ги открија линковите на Захир Бекири – Чауш со криминалци надвор од границите на Република Македонија, а неговите фотографии со раководството на СДСМ и доказите за криминалот што го правел по партиска наредба станаа видливи за сите граѓани.

Трагичен е обидот на СДСМ да ги лаже граѓаните дека Захир Бекири не е нивен член и дека ги поседувал незаконските снимки на Заев без знаење на партијата.

Целиот текст прочитајте го на PRESS24