Македонија
18. September 2020 - 23:59

Преспанското езеро заминува пред очите на сите - Сител репортажа од местото каде се случува природниот феномен

На само шест километри на албанска страна се крие мистеријата големото Преспанско езеро. Прекрасниот живописен простор меѓу селата Туминец и Горица е тајниот природен феномен на меѓусебната врска на Преспанското и Охридското езеро, но и една од причините зошто Преспа полека но сигурно исчезнува.

Ова лето беше аларм за тоа колку е лоша сосотјбата со Преспанското езеро, но и една од годините во кои со голо око може да се види патотот по кој исчезнува. Науката пред многу години ја потврди врската на двете езера, експериметот на ова место бил направен со бела боја која во извесно време се појавила кај изворот на Охридското езеро во близина на Свети Наум.

Васил Штерјовски е единствениот Македонец од Албанија пратеник во овдешниот парламент кој деновиве ја разбранува албанската јавност откако го отвори прашањето за спас на Преспанско.

На некои места водата е повлечена и до 200 метри од брегот, а нивото деновиве е 5 метри под нормалниот водостој.

Прогнозите се дека ако не се преземе нешто за да се реши проблемот на некои места ако во моемнтов се стига со кајче, ќе се оди по копнен пат.

Граѓаните кои со години одат на Преспанско велат никогаш не било во полоша состојба. Секој ден водата се повлекува од два до три сантиметри.

Судбината на езерото зависи од политиките на трите држави кои го делат. Добрососедски односи не се само индивидуалните интереси, добврососедските односи се и грижа за заедничките природни богатства.

Повлекувањето на водата од езерото е проблем кој се провлекува веќе 30 години. Од Албанска страна брегот не се користи за туристички цели, а водата повеќе не се користи ниту за наводнување на земјоделски површини од македонска страна ситуацијата е најлоша. Жителите од овој крај веќе стравуваат дека за брзо време симболот на Преспанскиот крај нема да биде Преспанското езеро.