Македонија
1. October 2019 - 19:40

Преспанскиот договор е позитивен пример, ЕУ да додели датум- порака од Самитот на „Економист“ во Скопје

Ако Европската унија не одобри датум за пристапни преговори со земјава, ќе го казни најдобриот пример во Европа. Премиерот Заев го искористи присуството на високи европски гости на Самитот на Економист, за да ги потсети евроспките лидери за своите ветувања. На само две недели пред состанокот на Европскиот совет, Заев вели дека Македонија направи се што беше побарано за да добие датум.

Ако Европската унија не одобри датум за Македонија ќе го наруши сопствениот кредибилитет, беше пораката која ја испратија речиси сите учесници на денешниот самит. Заев и Ципрас како потписници на Преспанскиот договор, 15-тина месеци подоцна ги потенцираа придобвиките од како што велат овој храбар чекор. 

Во затворениот дел од Самитот, поддршка за евро-атлантската интеграција на земјава даде и амбасадорката на САД.

Стабилноста на Преспанскиот договор, членството во НАТО и евентуалното членство во ЕУ им покажа на инвеститорите каде е добро да инвестираат. Од перспектива на САД Преспанскиот договор беше одличен момент не само за државите потписнички, туку и за целиот регион, но Северна Македонија ја чека уште многу пат, решавање на случаите на корупција, воспоставување на владеење на правото и на сите вредности на демократијата и стабилни институции без разлика на политичките ветрови. САД остануваат ангажирани во регионот. Ние го познаваме и ја признаваме важноста на овој регион и сметаме дека Договорот е навистина огромен чекор, но не смее да останете опуштени, туку треба да продолжите на патот на реформите, а САД остануваат ваш верен партнер, порача американската амбасадорка Кејт Мери Бернс.

Повеќе од 450 гости, меѓу кои поранешни евроспки и американски политичари, дипломати и бизнисмени се дел од Самиот кој реномираниот магазин Економист го организира во Скопје. во фокусот на сите денешни дискусии е забрзување на европските интеграции на сите земји од регионот.