Свет
6. јуни 2018 - 17:41

Пресметката на Путин со австрискиот новинар: Постојано го прекинуваше, а рускиот претседател му отчита лекција и тоа на германски

Рускиот претседател, Владимир Путин, беше во посета на Австрија, а за австриската телевизија даде поголемо интервју. Во еден момент го демонстрираше и своето познавање на германскиот јазик.

Новинарот му поставуваше прашања за ситуацијата во Европа и ЕУ, случувањата околу двете Кореи, Крим, па дури и констатираше дека го викаат „цар“ со оглед на тоа колку долго е на власт.

Бидејќи новинарот често го прекинуваше Путин, рускиот претседател неколку пати го замоли тоа да не го прави.

Она што на многумина им падна во очи е тоа што Путин својат амолба ја упати токму на германски јазик.

„Ако бидете стрпливи и ме оставите да завршам, ќе го дознаете мојот став по тоа прашање. Само секунда, ве молам, немојте да брзате. Пуштете ме да зборувам“, рече Путин.

Тогаш истакна дека ако го пушти да заврши ќе дознае и што тој навистина мисли. Потоа го праша дали тој нон-стоп нешто ќе го потпрашува или ќе му дозволи и да одговори.

„Пуштете ме да завршам. Ве молам бидете љубезни и оставете ме да кажам нешто“, се пошегува Путин на германски.

На сите им е познато дека Путин одлично зборува германски јазик зошто поминал неколку години како агент на КГБ во Дрезден, во Источна Германија.