Балкан
9. December 2015 - 11:28

Пресметка среде бел ден: Убиено момче во центарот на Белград

Владимир Б. (37) е убиен денеска околу 10:20 часот во Милишевска улица во белградски Врачар. Убиениот има дебело полициско досие.

Врз него пукал маж од автомобил „фиат браво“ со белградски таблички.

Убиството се случило во близина на полициската станица.