-->
-->
Пресметка со ножеви и пиштоли меѓу две семејства во скопско Кондово
-->
Вчера во 18,03 часот било пријавено дека во с.Кондово-скопско бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу членови на две семејства.
Имено, според пријавеното, во дворот од куќата сопственост на Т.Ф.(45) дошле браќата Ф.Љ. С.Љ. и Ф. Љ. и физички го нападнале сопственикот, а потоа и С.Ф.(45), Р.Ф.(21) и 15 годишен малолетник.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и бил пронајден нож, како и две чаури за кои Т.Ф. посочил дека биле испукани од пиштол од страна на Ф.Љ.
Во 21,00 часот од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив биле донесени С.Љ. и Ф.Љ. со повреди од остар предмет.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари