Македонија
28. January 2018 - 11:06

Пресметка со нож пред казино: Двајца прилепчани избодени

Рано утрово околу 04,00 часот пред казино во Прилеп, по претходна расправија од страна на З.П.(54) од Прилеп со остар предмет прободени се К.Р.(25) во пределот на грбот и М.Р.(26) во пределот на стомакот.
 
Повредените се пренесени во Медицински Центар-Прилеп, а З.П. е приведен во Полициска станица Прилеп.