Пресечен меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога, запленети околу 40 кг марихуана
На 21.01.2021 Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во содејство со Одделот за специјални полициски операции, пресече меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, која од Косово била транспортирана на територијата на Република Македонија.
Притоа, на бул.„Јадранска магистрала“, на влезот во Скопје било запрено патничко возило „шкода фабија“, управувано од А.М.(42) од Скопје. При извршениот преглед на возилото, во багажникот се пронајдени две големи вреќи со марихуана, во вкупно количество од околу 40 килограми, со пазарна вредност од над 100.000 евра.
А.М. е лишен од слобода и спроведен во полициска станица за понатамошна постапка,при што во текот на денот ќе биде предаден со кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. Инаку, А.М. е познат сторител на кривични дела, осудуван и издржувал затворска казна, а во 2017 во Р.Србија е лишен од слобода при транспорт на поголема количина хероин.
.be&fbclid=IwAR1N9_aNKpXT9wWrYlkY3rqa8Jk1JnVsGGWOY1KQ7BgtXeB9quKGO5dETXQ&ab_channel=mvrjavnost
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација