Македонија
17. July 2018 - 9:35

Прес-конференција на премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан

Македонскиот премиер Зоран Заев и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан ќе одржат прес-конференција во Владата на Република Македонија.

Хан во Владата присуствуваше на 79-та владина седница, на која се рагзледуваше Информацијата за концептот и структурата на преговори за пристапување на Република Македонија во ЕУ.

Еврокомесарот Хан подоцна во Собранието на Македонина треба да има средби со собранискиот спикер Талат Џафери и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Јоханес Хан ќе има и обраќање пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.