Македонија
12. December 2015 - 16:19

Прес 24: Хаос во СДСМ пред програмскиот Конгрес

Во централниот штаб на СДСМ владее тотален хаос , делегатите не сакаат да учествуваат на програмскиот конгрес на Заев во недела, пишува Пресс24 .

Според информации на порталот добиени од висок партиски функционер на Бихачка, членовите на централниот одбор се уште не ги добиле материјалите за конгресот.

Оваа задача била обврска на генералниот секретар Оливер Спасовски кој е поставен за технички министер во МВР кој воопшто не ги подготвил. Конгресот  првично требало да се одржи на Скопскиот саем но поради катастрофалната сосотојба во СДСМ , слабиот интерес меѓу делегатите и членството, раководството се решило конгресот да биде префрлен во хотелот Александар Палас, пишува Пресс24.

Поради очајната состојба во која се наоѓа партијата и демотивираноста на членството,најверојатно и ова место ќе биде променето и  конгресот ќе се одржи во Холидеј Ин. 

Оваа постапката на СДСМ постарото членство ја примило како уште една приватна забава на Зоран Заев и најтесното крило стои во текстот кој го објави порталот. Пресс 24 и претходно објави дека Заев мака мачи да собере доволно чкенови за да обезбеди минимум кворум на партиските тела и да ги протне своите одлуки.

Последните анкети  на најрелевантните агенции во светот покажаа дека рејтингот на Заев за само неколку месеци се намалил за дури 30 % а СДСМ и натаму има двојно помал рејтинг од ВМРО ДПМНЕ. Уште полоши резултати покажала анкетата која за потребите на СДСМ ја изработила една рејтинг агенција која важи за исклучително блиска до партијата пишува порталот. 

Според таквите податоци, СДСМ го очекува повторување на резултатите од минатогодишните избори што според експертите е главна причина поради која СДСМ ќе стори сẻ изборите во април воопшто да не се одржат.