Преработувачката индустрија со зголемени залихи, нарачките од странство недоволни
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2019 година е намален за 0,3 процентни поени во однос на декември 2018 година и изнесува 20,1, а во однос на јануари 2018 година е зголемен за 1,3 процентни поени, оценуваат раководителите на деловните субјекти.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2019 во однос на декември 2018 е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а резервите на готовите производи се зголемени во однос на декември 2018 година.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2019 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а e поповолна во однос на јануари 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2019 година изнесува 68,2 отсто од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз огрничувањето на обемот на производството имаат недостигот на квалификувана работна сила со 28,7 отсто, недоволната домашна побарувачка со 15,5, недоволната странска побарувачка со 15,3 и неизвесното економско опкружување со 8,9 отсто.
Ново на Сител
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен