Македонија
30. January 2020 - 16:54

Препукувања во техничката влада, Мизрахи обвинува за притисоци од заменичката, Спасовски му одговори на Чулев

Не стивнуваат препикрите во техничката влада. По два дена,  премиерот Оливер Спасовски му одговори на својот наследник Чулев за милионските суми кое министерството ги исплатило за оштети на вработените кои ја тужеле инситуцијата. Вели имало ново правило за исплатана на прекувремени  работни часови.

Обвинувањата продолжуваат и во министерството за труд и социјална политика. Техничката министерка Мизрахи повторно го впери прстот во својата заменичка Шкријењ дека ја кочи работата на министерството.

Шкријељ ги отфрли ваквите обвинувања и на својата колешка и порача да не ја доведува јавноста во заблуда и да не сее страв.

Ние бараме од техничката министерка да работи согласно законот и да го почитува она што самата го потпишала. Наша обврска е да овозможиме непречено и законитo функционирање на МТСП, со цел граѓаните навремено да ги остварат своите права и навремено да добијат квалитетни социјални услуги, се вели во реакцијата на Шкријељ.