Македонија
2. August 2016 - 19:01

Препораки за патување во Брзаил на олимпијадата

Над 10 000 спортисти од 206 олимписки комитети во светот, меѓу кои и шестмината натпреварувачи со делегацијата од Македонија, покрај учеството на ЛОИ во Бразил ќе бидат на мета и од Зика вирусот. Во Рио де Жанеиро има над 30 илјади регистрирани случаи со Зика и е втор град во земјата по број на заболени. Уште пред два месеци, Светската здравствена организација соопшти дека нема здравствено оправдување за одложување на Олимписките игри. Им останува на учесниците превентивно да се заштитат од убоди на комарци и да се спасат од опасните заразни заболувања. Нема опасност од маларија и жолта треска доколку не одат во Амазон или руралните области и шуми.

Институтот за јавно здравје за Македонците кои планираат да одат на Олимписките и параолимписките игри во Бразил, издаде мерки и препораки за заштита. Епидемиолозите потенцирасат дека во земјата домаќин на ЛОИ има случаи на  Зика добиени по сексулаен пат, затоа им препорачуваат на патниците за време на престојот да користат кондоми.

1Црвен осип, чешање, температура (висока или ниска), болки во телото и очите се симптоми кои можат да бидат поврзани со Денга, Чикунгуња или Зика вирусна инфекција. Ако имате било кој од овие симптоми, не земајте лекови на своја рака, барајте итна здравствена помош во Бразил и закажете кај лекар. Се препорачува да се пијат многу течности.

Без разлика на целта на посетатата, епидемиолозите им препорачуваат на патниците да седат во места каде има паравани на вратите и прозорците. Исто така;

1 – Носете светло обоена облека и со долги ракави за време на активностите со голема изложеност.
2 – Нанесете репелент на изложената кожа, следејќи ги упатствата на производителот.
3 – Обрнете внимание на појавата на симптоми на маларија, како што се: треска, болки на телото  и главоболка.
4 – Ако имате некои од овие симптоми, веднаш побарајте здравствена помош.

Епидемиолозите со укажување дека сите кои биле во Бразил мора да ја следат својата здравствена состојба и по враќањето во земјата.