Препораки за компаниите и агенциите за новата верзија на Гугл Хром
Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија, излезе со препораки за компаниите, огласувачите и издавачите со промените и трендовите кои што доаѓаат во оваа индустрија по најавата на Интернет компанијата Гугл дека утре ќе ја објави новата верзија на својот прелистувачот Хром со вграден AdBlocker, кој автоматски ќе блокира несоодветни рекламни формати.
- Следејќи ги најавените промени од страна на Гугл дека од утре интернет прелистувачот Хром ќе блокира и нема да прикажува одредени формати на огласување кои се категоризирани како наметливи и непосакувани, а со цел подобро корисничко искуство и подобри огласни решенија, во иднина кога ќе се подготвувате за реализација на дигитална кампања во предвид да ги земете препораките објавени на страната на Coalition for Better Ads за огласни решенија достапни на следниов линк.”, вели претседателот на ИАБ Македонија, Борис Ефтимовски.
Оваа промена, додаваат, е значајна за сите онлајн медиуми, огласувачи и маркетинг агенции, како и за самите посетители.
ИАБ Македонија ја поддржува оваа промена, бидејќи е поттикната со цел pодобрување на корисничкото искуство и ставање на малку ред во дигиталното огласување. Промената е поттикната од коалицијата Coalition for Better Ads во која членуваат едни од најголемите компании во светот како Гугл, Мајкрософт, Унилевер, како и ИАБ, во чија глобална мрежа учествува и ИАБ Македонија.
Листа на форматите кои ќе бидат опфатени ќе пронајдете на следниов линк https://www.betterads.org/standards/.
ИАБ Македонија е здружение формирано од страна на повеќе дигитални и маркетинг агенции во Македонија.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка