Прeпорaки за хронични пациенти со ревматски заболувања
Во услови на пандемија со вирусот COVID-19, хроничните пациенти со ревматски заболувања спаѓаат во групата на високоризични пациенти. Поконкретно, станува збор за пациенти со некротизирачки васкулопатии, системски еритемски лупус, дерматомиозитис, системска склероза, како и пациенти третирани со биолошка или комбинирана имуномодулаторна терапија.
Поради високиот ризик, овие пациенти треба да бидат во домашна самоизолација, а при контакт со други лица да ги преземат препорачаните заштитни мерки и да носат заштитна маска и ракавици.
Во однос на здравствената сотојба на основното ревматско заболување, на овие пациенти им се препорачува да консултираат матичен лекар и специјалист ревматолог кој им ја следи состојбата.
За сите потребни стручни консултации, пациентите како и нивните матични лекари може да се обратат на Клиниката за ревматологија на контакт телефонот: 02 3 147 110 и на mail-адресата bio.revmatologija@gmail.com. На оваа mail-адреса матичните лекари можат да испраќаат и резултати од извршени анализи и испитувања на пациентите за дополнителна консултација со Клиниката. Тие ќе бидат разгледани од страна на специјалист ревматолог и доколку е потребно ќе биде дадена соодветна дополнителна препорака.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата