Македонија
6. јуни 2018 - 18:50

Препораки од Унеско за заштита на охридското крајбрежје

На 1 декември годинава истекува рокот со кој државата мора до Унеско да достави план за крајбрежјето и старото градско јадро како и план за управување со природното и културно наследство за да не се најде Охрид на листата на загрозено светско наследство. Неконтролираната урбанизација ,патната и железничката инфраструктура и градењето на високите ресорти се едни од најчестите проблеми со кои се соочува градот.

Голем дел од градбите го нарушуваат амбиенталниот лик на градот затоа повеќе од неопходно е да се прогласи мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации во Охридскиот регион.

Охридскиот Регион е впишан во листата на природно и културно светско наследство на УНЕСКО во 1979 година.

Досега повеќепати е предупредувано на опасноста од загрозувањето на статусот на Охрид и на езерото, како град и природен басен под заштита  на УНЕСКО.