Македонија
15. January 2019 - 13:44

Препорака од лекарите за Водици - по крстот да скокаат само здрави и млади луѓе

За  постарите и хронично болни луѓе не се препорачува да скокаат по крстот. 

Да скокаат само оние кои се здрави, кои немаат хронични болести, кои не кашлаат, не примаат никакви лекови и терапии. Организаторот треба да обезбеди лекар и лекар да каже кој може, а кој не треба да скока по крстотот. И не треба да се пие алкохол пред скокање во водата, да не дојде до несакани последици - велат лекарите.

Се препорачува луѓето кои ќе скокаат по крстот, прво да се намократ малку по телото пред да скокнат, а со себе да носат и топла облека.