Препорака од Комисијата за заразни болести за жителите од поплавените подрачја
Во рамки на секојдневните мерки и препораки, а со цел заштита на здравјето на жителите во загрозените подрачја од поплавите во Скопскиот регион, Комисијата за заразни болести препорачува на ранливите групи од овие подрачја доколку имаат можност привремено да престојуваат кај нивни роднини или познаници надвор од подрачјата опфатени со поплавите, а доколку немаат таква можност и услови, се препорачува лицата да се пријават на контролните пунктови во населените места Сингелиќ и Стајковци, со цел нивно сместување во соодветни објекти.
Оваа препорака е во согласност со политиките и стратегиите на меѓународните организации за справување со поплави и заштита на здравјето на ранливите групи. Препораката од Комисијата за заразни болести е со цел заштита на нивното здравје и престој во соодветни и безбедни услови, како и заштита од евентуална појава и ширење на заразни заболувања. Станува збор за времена превентивна препорака до комплетното расчистување на теренот во поплавените подрачја и обезбедување соодветни санитарно-хигиенски услови за живеење во домовите.
Оваа превентивна препорака се однесува на следните ранливи групи: деца до 14 годишна возраст со нивните мајки, инвалиди и инвалидизирани лица, лица со пречки во развојот, психички болни лица, лица на дијализа, хемофиличари, бремени жени, неподвижни лица, лица со преживеан инсулт, хронично болни лица, и лица над 70-годишна возраст, кои живеат во подрачјата кои беа зафатени со поплавите.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж