Препорака на ЕК: Патувањата во ЕУ да бидат дозволени за вакцинирани
Европската комисија денеска издаде препорака на странските државјани кои се целосно имунизирани со вакцини одобрени во ЕУ и оние од земји со поволна епидемиолошка состојба да им биде дозволено да патуваат во земјите на ЕУ без посебни ограничувања.
– Покрај тоа, Комисијата предлага да се подигне прагот за влез на земји на списокот на оние од кои секое патување може да биде дозволено, се вели во соопштението на Европската комисија.
Според сегашните регулативи на ЕУ, во една од 27-те земји-членки можат да патуваат само на граѓаните од седум земји, но денешниот предлог сигурно ќе го прошири тој список.
За да се ограничи ризикот од ширење на нови мутации на коронавирусот, Европската комисија понуди и нов механизам „итна сопирачка“, со кој ќе се овозможи итна примена на ограничувања за патувања за сите земји каде епидемиолошката состојба нагло ќе се влоши.
– Ова ќе им овозможи на земјите-членки да дејствуваат брзо и привремено да ги ограничат на строг минимум сите патувања од погодените земји за времето потребно за воспоставување соодветни санитарни мерки, се вели во соопштението.
Земјите-членки на ЕУ би требало утре да почнат расправа за овој предлог и потребно е да се постигне целосна согласност за предлогот да биде усвоен и да стане важечки пропис.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица