Македонија
31. July 2018 - 16:09

Премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните и опозицијата да излезат на референдумот на 30 септември

Граѓаните ќе го имаат последниот збор за иднината на Македонија. Премиерот Заев ги повика на 30 септември масовно да излезат на референдумот и да кажат да за договорот од Преска и за членство во НАТО и ЕУ. Заев уште еднаш со обврза дека ќе ја почитува волјата на граѓаните без разлика на исходот од рефендумпт. Вели дека не сака ни да мисли што доколку не биде исполнет цензусот, но дека има решение и за тоа.

Ако граѓаните заклучат дека прашањето им е тешко, дека не се доволно информирани може да одлучат и да останат дома, без разлика на политичките разлики. Но ова овојпат не е дозволиво. Во таков случај тие ја пренесуваат одлуката на институциите, затоа што со сите правници, со сите релевантни фактори во државата, со сите што го толкуваат и Уставот и законите, тоа значи така. Уште еднаш апелирам одговорноста е на секој. На овој референдум ќе си ја преземеме одговорноста за себе, за своето  семејство и за Македонија и ќе гласаме онака како што мислиме, но ќе излеземе. Затоа што е обврска пред татковината. Опција има да се гласа за или против, но опција дали да излеземе или не, нема. Треба да излеземе ако сме вистински патриоти, рече Заев.

На лидерските средби Заев добил уверување од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да повикаат на бојкот. Во исто време ја повика и опозицијата да ја понесе својата одговорност, бидејќи сега е време за одлука, а не за бегање.

30 септември според Заев е денот кој ќе означи пресвртницата во македонската историја. Вели  дека со догворот за името, националниот македонски идентите и јазик ќе бидат признаени и потврдени.

Деспина Тодоровска за Сител ТВ