Македонија
6. December 2017 - 15:38

Премиерот Заев во работна посета на Софија

 Премиерот  Зоран Заев, од вечер, по завршување на посетата на Брисел, ја почнува работната посета на Софија каде ќе учествува на меѓународната конференција „Пoсилна регионална интеграција на Балканот“, соопшти владината прес-служба.

Во Софија Заев ќе биде придружуван од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министрите за финансии и за транспорт и врски,  Драган Тевдовски и Горан Сугарески. На маргините на Конференцијата, денеска, дел од македонската владина делегација во Софија ќе се сретне со претставници на Светска банка на највисоко ниво.

Според најавата, вечер премиерот Заев ќе присуствува на вечерата, што ја организира премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, во чест на премиерите од Западен Балкан, дојдени во Софија.

На меѓународната конференција „Посилна регионална интеграција на Балканот“, што ќе се одржи утре, треба да се разговара за гранични олеснувања во регионот, со цел гранични олеснувања и на трговијата, како и за регионални ИТ и технолошки кластери, со цел отворање перспективи за приватниот сектор.