Македонија
11. July 2018 - 8:52

Премиерот Заев во „Хард Талк“ на Би-Би-Си

Британската медиумска јавност го препозна развојот на настани во Република Македонија, што заслужуваат да бидат вест и внимание, напиша премиерот Зоран Заев синоќа на својата Фејсбук страница по гостувањето на британската телевизија Би-Би-Си во емисијата „Хард Талк“.

Заев на Би-Би-Си

- Затоа дојде поканата од продуцентите на највлијателната и најгледаната политичка емисија на Би-Би-Си, „Хард Талк“. Одлично интервју со новинарката Зеинаб Бадави, за време на Самитот за Западен Балкан во Лондон, напиша Заев.

Интервјуто по емитувањето на телевизија ќе биде достапно онлајн на https://www.bbc.co.uk/programmes/n3ct4f6f