Македонија
3. November 2020 - 21:19

Премиерот Заев во Дневникот на Сител за пандемијата, мерките и спорот наметнат од Бугарија

Полицискиот час не дава резултати,но доколу е потребно ќе биде воведен, вели премиерот Зоран Заев во интервјуто за Сител. Се надева дека новите мерки ќе дадат резултат.

Премиерот додава дека иако казината и спротискитеобложувалници не сеопфатени со мерката за затворање во 21 часот сепак, и таму важи забраната за групирање што е доволна заштита од ширење на КОВИД 19.

Заев тврди дека државата ќе ги издржи и економските последици од корона кризата.

Заев, како и неговиот бугарски колега Борисов, по вчерашните средби Захариева-Димитров-Османи е оптимист дека ќе се надминат разликите со Софија пред меѓувладината конференција за прегворите со ЕУ.

Премиерот застој признава само во делот на железничката пруга кон Бугарија, што пак, е дел од договорот за Добрососедство. Заев најави и дека македонско –бугарските односи ќе бидат тема и на телефонскиот разговор што утре ќе го има со германската канцеларка Меркел.