Премиерот Заев се сретна со турската амбасадорка Кара
Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорката на Република Турција во Република Македонија, Еркал Кара. На средбата, информираат од владината прес-служба, заеднички е поздравено пријателството меѓу Македонија и Турција и е изразена определеност за унапредување на соработката врз демократски принципи, на економски план, како и во сите други области од интерес на граѓаните на двете држави.
- Примарна цел на Владата е да ги унапредува односите со сите држави, посебно со земјите пријатели на Република Македонија. Граѓаните на Македонија очекуваат европски перспективи и Владата што ја предводам е подготвена да ги земе предвид сите позитивни искуства на патот кон интеграциите, рече премиерот Заев.
На средбата соговорниците зборуваа за можноста за надминување на постоечките административни бариери со кои се соочуваат инвеститорите во Македонија, како и за интересот на турски инвеститори за вложувања во Македонија. Исто така, од страна на турската амбасадорка е реафирмирана поддршката на Република Турција за интеграцијата на Република Македонија во НАТО.
Ново на Сител
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор