Премиерот Заев се сретна со претставници на здружението „Бранител 2001“
Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска со сретна со претседателот на Здружението на воени инвалиди „Бранител 2001“ Костадин Стојановски кој беше придружуван од потпретседателите на здружението.
На средбата, како што соопшти владината служба за информирање, се разговарало за досегашната државна помош за семејствата на воените инвалиди и за можностите за продолжување на оваа поддршка.
- Претставниците на Здружението на воени инвалиди ги презентираа своите барања и препораки и посочија на долгогодишни проблеми со кои се соочуваат, а се поврзани со притисоци, неажурност на институциите во извршувањето на законските обврски и за долгогодишните нерешени станбени прашања за воените инвалиди припадници на МВР, се вели во соопштението.
Во исто време, од „Бранител 2001“ пренеле и позитивни искуства во последните неколку месеци за отворањето на институтициите како сервис за решавање на нивните проблеми и во таа насока особено ја поздравиле работата на Министерството за труд и социјална политика.
Премиерот Заев и министерот Спасовски изразиле силна поддршка за воените инвалиди и нивните семејства, и во таа насока, посочиле дека нивните барања и предлози ќе бидат сериозно разгледани и ќе бидат изнајдени решенија согласно законските прописи.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација