Македонија
15. September 2021 - 8:04

Премиерот Заев на завршен увид на пречистителна станица во Штип

Премиерот Зоран Заев денеска ќе има обраќање и ќе направи увид во завршната фаза на пречистителната станица во Штип како дел од ХС „Злетовица“.

Како што соопшти владината прес-служба, на настанот ќе присуствуваат и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа,  амбасадорот на Словенија во Македонија Милан Предан,  амбасадорот на Јапонија во нашата земја Хиронори Савада, градоначалникот на Штип Сашко Николов и градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов.