Македонија
6. December 2017 - 19:10

Премиерот Заев на средби со Јункер, Тајани, Могерини и Хан во Брисел - реформите даваат резултати

Резултатите од отпочнатите реформи се видливи, а Европската комисија ја охрабрува земјава да продолжи по патот кон Унијата. Ваква порака испрати претседателот на Европската комисја Жан Клод Јункер по средбата со премиерот Зоран Заев во Брисел. Јункер веќе најави дека во февруари Европската комисија ќе претстави нова стратегија за интегрирање на Западниот Балкан во Унијата.

Еврокомесарот Хан пак ја повика опозиција активно да се вклучи во реформскиот процес и да придонесе за што поскоро добивање на безусловна препорака за преговори.

Премиерот Заев очекува Македонија да биде вклучена во пакетот на проширување на Европска унија во 2018-та. Една од главните теми на средбата со Јункер и Хан бил и планот 3-6-9, реформите во правосудството, јавната администрација, и засилување на независните регулаторни тела и медиумите. 

И на денешната прес-конференција очигледно е дека привременото име и акронимот ФИРОМ му предизвикува потешкотии и на претседателот на Европска комисија. Одговарајќи на новинарско прашање Јункер, земјава ја нарече Македонија и веднаш се поправи.