Македонија
12. јуни 2018 - 18:20

Премиерот Заев ќе информира за договорот за спорот со името

Владата на Република Македонија  соопшти дека во 18:30 часот ќе се одржи прес-конференција на која ќе се обрати премиерот Зоран Заев во врска со договорот за спорот со името со Грција.  

Како што се наведува во информацијата од Владата, на прес-конференција ќе присуствуваат и министрите.