Македонија
6. јуни 2017 - 16:14

Премиерот Заев и министерот Спасовски во посета на поплавените места во Тетовско

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот и министер за внатреши работи Оливер Спасовски, кој раководи со Управувачкиот комитет во системот за справување со кризи, денеска ќе ги посетат граѓаните од поплавените места во Порој, Тетовско.

Заев и Спасовски прво ќе се сретнат со градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, а потоа заедно со неа ќе ги посетат граѓаните од регионот Порој, локален пат Тетово-Јажинце, погоден со поплавите и на лице место ќе ги согледаат состојбите на теренот.