Македонија
3. September 2017 - 15:10

Премиерот Заев го посети Меморијалниот центар на Холокаустот во Ерусалим

Во рамки на посетата на Израел, македонска владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, денеска го посети  Меморијалниот центар на Холокаустот во Ерусалим. 
 
- Во име на сите граѓани на Македонија, во име на Владата но и во лично име премиерот Зоран Заев изрази почит кон загинатите граѓани и порача, никогаш да не се повтори, соопшти службата за информирање на Владата.
 
Претходно премиерот Заев имаше средба со израелскиот претседател Руевен Ривлин. За денеска се планирани и обраќања на Заев на Израелскиот совет за меѓународни односи, како и на Бизнис форумот чиј организатор во Ерусалим е Владата на Република Македонија.

Предвидено е утре претседателот на макеоднската Влада да се сретне со неговиот израелски колега Бенјамин Нетанјаху.