Македонија
13. May 2020 - 14:26

Премиерот Спасовски сведочеше во случајот против организаторите на случувањата од 27 април

На 27 април барав да се премине на точката за избор на собраниски спикер но таквиот предлог беше неприфатлив за тогашниот претседавач со конститутивната седница. Вака пред судот сведочеше техничкиот премиер Оливер Спасовски кој како тогашен пратеник рече дека на координациите меѓу пратеничките групи немало консензус да се премине на точката за избор на претседател. Според одбраната, барањето на Спасовски не го дозволувал собранискиот деловник.

„Кажав пред судот се што имам да кажам во однос на прашањата на на иницијативе на се она што имав деловничка можност да го побарам од претседавачот на собранието  така што судот треба да ги цени тие докази“.

„Сведокот Спасовки потврди два факти тоа е дека на координација не постоела апсолутно никаква согласност за начинот на примена на член 78 став 2 врз основа на кој сметал дека треба да се примени и уште поважната  состојба со оглед да е пратеник од 2006-та год, никогаш не била прекината точка  во момент кога има пријавени кандидати за да понатаму може да продолжи наредна точка или друга седница, што значи она постапување на Трајко Вељановски  е деловнички  и правилно постапувал“

Судот не дозволи Спасовски да одговори на прашањето од обвинителката Русковска која бараше да се направи споредба за работата на партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

По барање на обвинителството денеска пред судот сведочеше и ученсик во протестите на Заедничка Македонија кој рече дека не било тајна дека тие ги подржувала ВМРО-ДПМНЕ  ама не знаел дали ги организирала партијата.

„Обвинителот кој е присутен во судницата и кој ги поддржа протестите на Шарената револуција дали тоа мора да значи дека таа  го поддржа и влезот во канцеларијата на претседателот? Тоа не мора да значи, таа може да биде и секој може да биде како поддржувач но овде се суди за организација“

Судењето за случајот продолжува во петок со сведочења на амнестираниот Стефан Младеновски и пратеникот Весел Мемеди.