Свет
25. February 2016 - 8:46

Премиерот на владата во Триполи потврди дека француски специјалци се борат во Либија

Премиерот на либиската влада во Триполи, која не е призната од меѓународната заедница, синоќа потврди учество на француски специјални единици во операции на територијата на Либија.

Халифа ал Гуел истакна дека француски командоси ги „предводеле борбите“ во градот Бенгази. Според него, команден центар на нивните операции била базата Банина.

Парискиот весник „Монд“ вчера објави дека француски специјалци тајно извршуваат операции против џихадистите на терористичката организација Исламска држава (ИД) во Либија.