Тенис
5. January 2022 - 10:45

Премиерот на Австралија: Ќе го вратиме Ѓоковиќ назад со првиот авион

Ова ќе биде сторено доколку го нема потребниот и валиден доказ со кој се потврдува дека не може да се вакцинира.

Се очекува дека Ѓоковиќ во наредните часови ќе пристигне во Мелбурн, но што ќе се случи по слетување на аеродромот – сè уште не се знае.

Морисон порача дека нема да има исклучоци за никого, па ниту за најдобриот играч во светот.

„Кој сака да влезе во Австралија, мора да ги почитува нашите правила. Кога ќе пристигне Новак Ѓоковиќ во Австралја, ако не е вакциниран, а нема доказ дека не смее да биде вакциниран од медицински причини, ќе биде вратен со следниот авион дома. Нема да има привилегии за Новак ниту за кој било“, порача Морисон.