Премиерот Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево - Охрид

Премиерот Христијан Мицкоски денеска кај клучката кај аеродромот „Св. апостол Павле“ ќе присуствува на пуштање вo употреба на дел од автопат Кичево - Охрид, делница Климештани-Охрид.
Како што информираа од владината прес-служба и од Министерството за транспорт, предвидено е обраќање на претседателот на Владата, Мицкоски, а на настанот ќе присуствуваат и изјави ќе дадат и потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.
Премиерот Мицкоски, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт, Николоски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Трајановски на средината од минатиот месец, направија увид во текот на градежните активности на терен долж трасата на автопатот во изградба Охрид – Кичево при што беше ставен во употреба надвозникот на клучката кај село Подмолје.
Премиерот во таа прилика посочи дека интензивно се работи на делови од патот каде има свлечишта, а истовремено се изработуваат и проекти за стабилизирање на земјиштето што е мошне важно за завршување на целата траса.
-Станува збор за неколку километри кај селото Ботун, но и оние делови каде се поврзува тунелот кај Пресека...Кај Кичево има десеттина свлечишта, ваму има шест, така што очекувам од есенва да се работат теренски активности со што целата секција од Кичево до Охрид ќе биде стабилизирана и безбедна, рече Мицкоски изразувајќи задоволство од постојната динамика на активностите на терен.
Покрај на овој автопат, со несмалена динамика се работи на уште три автопатски делници во земјава: Тетово – Гостивар, Гостивар - Букојчани и Прилеп – Битола, а покренати се јавни повици и тендерски процедури и за патните делници Блаце – Скопје и Букојчани – Кичево.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје
-

За разговори меѓу Скопје и Софија ќе се чекаат подобри времиња
-

Брза помош Скопје - Помалку сообраќајки со тешки последици, зголемен број на мозочни удари
-

Кои се пропустите на угостителските објекти: Засилени теренски контроли на МВР и инспекциските служби
-

Ако Уставниот суд ги укине блок тарифите, неминовно ќе биде поскапување на струјата, велат експертите
-

Пораки за сплотеност и единство - Македонија го чествува денот на Св. Климент Охридски
-

Охрид го слави заштитникот на градот
-

По ковид пандемијата, „Eпидемија“ на семејно насилство во Mакедонија
