Македонија
14. August 2015 - 11:57

Премиерот Груевски на средба со членовите на Специјалната олимпијада Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска ќе се сретне со членовите на Специјалната олимпијада Македонија кои учествуваа на последните Светски летни олимписки игри што се одржаа во Соединетите Американски Држави.

Средбата ќе се одржи во просториите на Владата на Република Македонија со почеток во 12:30 часот.

Членовите од Специјална Олимпијада Македонија од 25 јули до 2 авуст учествуваа на Летните олимписки игри во Лос Анџелес и освоија десет медали.