-->
-->
Премиерот ги прими членовите на Специјалната олимпијада
-->
Македонски премиер Никола Груевски во петокот ги прими членовите на Специјалната Олимпијада Македонија кои учествуваа на Светските летни олимписки игри на Специјалната олимпијада одржана во Лос Анџелес.
Премиерот Груевски упати честитки за остварениот успех и ангажманот на членовите на македонската специјална олимпијада што резултираше со значаен успех и извојување на 12 медали.
Груевски истакна дека развивањето на спортскиот дух, ентузијазмот и волјата и подготвеноста која ја покажуваат учесниците на олимпијадата во различните спортови е за почитување и доказ за нивниот посветен пристап, но и пример кој треба да го следат сите останати.
Членовите на Специјалната Олимпијада Македонија на премиерот Груевски му доделија признание изразувајќи благодарност за поддршката и ангажманот на Владата која нивната организација ја добива во реализација на активностите.
Информирајќи го премиерот Груевски за постигнатите резултати и пренесувајќи ги личните искуства од натпреварувањата во сите дисциплини каде учествуваа, членовите на Специјалната Олимпијада истакнаа дека учеството на ова натпреварување претставува најуспешен настап на македонска делегација на некои олимписки игри од ваков карактер.
Премиерот Груевски изрази подготвеност и отвореност за понатамошна поддршка и соработка со Специјалната Олимпијада Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори