Македонија
23. April 2021 - 16:54

Премиерот е уверен дека Рашковски не правел злоупотреби во софтверот на академијата за судии и јавни обвинители

Премиерот Заев воопшто не се сомнева дека постоеле злоупотреби при последниот конкурс во Академијата за судии и јавни обвинители. Откако истрагата откри дека во канцеларијата на Рашковски бил најден софтверот на компанијата Инвока преку кој се тестирале новите судии и јавни обвинители, Премиерот уверува. Немало злоупотреби

Во ВМРО-ДПМНЕ пак воопшто не се сомневаат дека Рашковски ги имал прашањата за испитите за прием на академијата за судии и обвинители. Велат имало многу голем број на кандидати кои го положиле тестот без ниту една грешка а меѓу нив и голем број синови, ќерки и роднини на функционери на власта.

Опозицијата бара Обвинителството да ги повика на распит сите кои го положиле тестот и да истражи дали Рашковски и Инвока одлучувале кој ќе биде судија и обвинител а кој не. Аферата Рашковски од завчера е во Шутка откако судот ја прифати жалбата на обвинителството за куќниот притвор.