Фудбал
10. December 2016 - 16:24

Премиерлигашки пресврт за триумф на Вотфорд

Љубителите на фудбалот на британскиот остров можеа да видат интересна фудбалска претстава со многу голови, пресврт и изненадување на крајот откако Вотфорд во премиерниот меч од викенд колото во Премиер лигата го совлада Евертон со 3-2. Гостите први и поведоа со погодокот на Лукаку но дојде пресвртот откако Стефано Окака по дури 6 години постигна гол во Премиер лигата.  Подоцна домашните водеа со 3-1 откако Окака и Продл  постигнаа уште два гола. Лукаку исто така беше двоен стрелец но неговиот тим остана без бодови.