Премиерите од Западен Балкан на работен ручек со еврокомесарите Хан и Габриел
Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на Европската Унија, беше централна тема на работниот ручек организиран со еврокомесарите за соседска политика и проширување и за дигитална економија и општество, Јоханес Хан и Марија Габриел, како дел од агендата на Дигиталниот самит за Западен Балкан, што се одржува денеска и утре во Скопје.
На работниот ручек присуствуваа премиерите на Македонија, БиХ, и Косово, Зоран Заев, Денис Звиздиќ и Рамуш Харадинај, вицепремерката на Албанија Сенида Меси, министри од владите на земјите во регионот, државниот секретар во Министерството за економија и енергетика во Владата на Сојузна Република Германија Томас Берејс, претставници на Европската инвестициска банка, и на Советот за регионална соработка на земјите од ЗБ.
Премиерот Заев ја истакнал важната улога на „Дигиталниот самит за Западен Балкан“, и на презентираната студија „Влијанието на дигитализацијата на просперитет на Западен Балкан“, како значајни импулси за земјите од регионот за да ја продлабочат соработката и поинтензивно да работат на дигитална трансформација којашто ќе придонесе кон раст на БДП, пораст на инвестициите во регионот, развој на старт-апи и отворање на нови работни места, информира прес-службата на самитот.
На средбата се разговарало и за иницијативата за институционализација на Платформата за бизнис пријателска средина (Business Friendly Environmet,BFE) како мултилатерална организација којашто ќе биде поддржана од владите во регионот.л
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација