Балкан
17. August 2016 - 21:25

Премиерите на Србија и на Албанија за два месеца на бизнис форум во Ниш

Премиерите на Србија и на Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама ќе имаат состанок за два месеца во Ниш каде ќе отворат српско-албански бизнис форум, јави Танјуг повикувајќи се на извори во Владата на Србија. 

Премиерот Вучиќ вчера нагласи дека сака на бизнис форуми и бизнис состаноци да ја развива државата и да обезбеди раст на економијата чувајќи државни и национални интереси.

Во Владата на Албанија, наведоа за Танјуг дека се планирани два состанока на премиерите – еден во Ниш и друг во октомври во Белград на Белградскиот безбедносен форум. На тој собир ќе бидат и претставници од косовската Влада.