Премиера на театарската престава „Жените на Џејк“ во Kочани
На сцената во Националната установа центар за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа премиерно беше изведена театарската престава „Жените на Џејк“ по текст од Нил Сајмон, во режија на Кристина Атанасова Арсова, а во продукција на кочанското Драмско студио „Годо“.
- Се работи за театарската престава во која носителот на главниот лик писателот Џејк се соочува со сериозни проблеми во животот од кои на крајот ја извлекува поуката дека треба да се живее во реалноста иако го следат многу неизвесности и искушенија, рече Атанасова Арсова.
Улогите во преставата ги толкуваат: Владимир Игнатов, Марија лаковиќ, Нина Лаковиќ, Јована Јорданова, Марија Георгиева, Зорица Митева, Симона Крстевска и Рената Стојановска.
Драмското студио „Годо“ досега има реализирано десет театарски престави за пет години, а последните престави „Вонредна состојба“ и „Осум жени“ доживеаја дванаесет репризни изданија во Кочани.Според Атанасова Арсова, се очекува и оваа театарска престава да биде одлично прифатена од кочанската публика.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација