Македонија
4. November 2015 - 8:51

Премиера на претставата „Црвенкапа“ на драмското студио „Миладин“

Драмското студио „Миладин“ денеска премиерно ќе ја изведе детската претстава „Црвенкапа“ на сцената во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

Главната улога, Црвенкапа ја толкува Сара Стефановиќ, волкот ќе го игра Петар Шипинкароски, а бабата ќе биде Мартина Кочоска.

Струшката публика пред неполн месец имаше можност премиерно да ја види претставата „Чешел“ од Фадил Хаџиќ во изведба на членовите на драмското студио „Миладин“.

Драмското студио „Миладин“ од Струга има 30-тина членови, а за наредната година планира пет премиерни изведби од кои три претстави за деца и две за возрасни.