Премиера на „Мојот маж“ во Драмски театар
Драмски театар-Скопје в сабота премиерно ќе ја изведе претставата „Мојот маж“ според истоимената книга раскази од писателката Румена Бужаровска, во режија на Нела Витошевиќ.
Од книгата на Бужаровска се избрани шест раскази чија драмска адаптација ја направија Викторија Рангелова-Петровска и режисерката Витошевиќ. Таа денеска на прес-конференција посочи дека претставата отвора три клучни теми: промашен живот во депресивно опкружување, неверство и грижа на совест. Се обиделе, рече, да нурнат во своите мисли и да трагаат по психата за да отворат горливи прашања во нашето општество.
-Преку отворање ранливи точки да проговориме за некои стигми и табуа кои се длабоко вкоренети во македонскиот конзервативизам и патријархат и на многу искрен и реален начин да воспоставивме дијалог, не само со расказите на Румена, туку и со самата публика. Така што, целата претстава е наш дијалог со нејзините раскази и со самата публика, истакна Витошевиќ.
Актерите Сања Арсовска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева-Велиќ, Исмет Шабановиќ, Игор Ангелов, Сара Климовска и Филип Трајковиќ покрај со актерската игра придонесуваат и со авторски монолози. Тие ја опишаа претставата како емотивна, искрена и храбра зашто на сцената се „соголуваат“ и себеси, раскажуваат вистински лични приказни, некои што не ги кажале ни пред најблиски.
Режисерката и актерите се особено задоволни и од тоа што на сцена се поставува македонска авторка, притоа и позната и преведувана на Балканот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Се заокружуваат предизборните коалиции
-
Азески: Економијата да биде приоритет, а политичарите да ги исполнат ветувањата
-
Приватните специјализанти на протест – нема корекција на плати пред избори, им вратија надлежните