Македонија
14. December 2016 - 14:57

Премиера на „Фауст“ на 16 декември во Битолскиот народен театар

Ансамблот на Битолскиот народен театар ги заврши подготовките за последната премиера годинава. Станува збор за претставата „Фауст“ од Кристофер Марлоу, во режија на Андраш Урбан која премиерно ќе биде изведена на 16 декември, а ќе може да ја гледа публика на возраст над 16 години.

Во претставата настапуваат 12 актери, Борче Ѓаковски, Викторија Степановска Јанкуловска, Елена Моше, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Маја Андоновска Илиевска, Марјан Ѓоргиевски, Никола Пројчевски, Петар Спировски, Сандра Грибовска, Соња Ошавкова и Соња Михајлова.

- Повторно сум во Битолскиот театар и по 4 годишна пауза сега го подготвив „Фауст“, претстава која е многу возбудлива со многу енергија и со естетска магичност. Во претставата користам специфична сценографија со цел да прикажам еден дел од животот на д-р Фауст или едно друго размислување за неговиот живот. Претставата не е политички мотивирана и се занимава со човекот на овие простори и со неговите расудувања за различни теми, рече режисерот Урбан, познат на публиката и по претставата „Хамлет машина“, која исто така ја режираше во Битола.