Фудбал
24. October 2015 - 18:05

Премиер лига: Вест Хем подобар од Челзи

Шампионот на Англија Челзи го претрпе петтиот пораз сезонава откако попладнево загуби од Вест Хем со 2:1.Головите за домаќинот ги постигнаа: Зарате во 17.минута и Керол  во 79 минута, додека стрелец за Челзи беше Кејхил во 56.минута.

Челзи натпреварот го заврши со 10 играчи откако Матиќ беше исклучен поради втор жолт картон во 44.минута, а на полувремето црвен картон доби и менаџерот Мурињо.
На другите дуели беа постигнати следниве резултати:
Астон Вила - Свонси 1:2,
Лестер - Кристал Палас 1:0,
Норвич - ВБА 0:1, 
Стоук - Водфорд 0:2.
Од 18:30 часот играат Арсенал - Евертон.
Утре на програмата се дуелите: 
Сандерленд - Њукасл,
Бурнемут - Тотенхем,
Манчестер Јунајтед - Манчестер Сити,
Ливерпул - Саутемптон.