Фудбал
11. December 2016 - 19:56

Премиер лига: Вест Хем освои бод на гостувањето на Енфилд

На последниот натпревар од 15.коло од Премиер лигата Ливерпул и Вест Хем одиграа нерешено 2:2. Ливерпул поведе во 5.минута со голот на Лалана, а потоа гостите направија пресврт. Во 27.минута Паје од слободен удар изедначи на 1:1, а во 39.минута Антонио донесе водство за Вест Хем. Ливерпул изедначи во 48.минута преку Ориги по грешката на голманот на Вест Хем Рендолф.

На другите три денешни дуели резултатот беше ист 1:0. Челзи го победи ВБА, Манчестер Јунајтед беше подобар Тотенхем, а Саутемптон го победи Мидлсброу.
Табела: Челзи 37 бодови, Арсенал 34, Ливерпул 31, Манчестер Сити 30, Тотенхем 27, Манчестер Јунајтед 24,...