Фудбал
4. January 2017 - 23:28

Премиер лига: Тотенхем и Деле Али ја прекинаа серијата победи на Челзи

Екипата на Тотенхем оствари победа на последниот дуел од 20.коло од Премиер лигата. Во дербито го совладаа лидерот Челзи со 2:0, а стрелец на двата гола беше Деле Али во 45+1 минута и 54.минута.  Во двата случаја асистираше Ериксен. Челзи имаше серија од 13 победи по ред.

Тотенхем со трите бода се проби на третото место со вкупно 42, колку што има и Манчестер Сити но со послаба гол разлика е на четвртото место.
Челзи остана лидер со 49 бодови, а втор е Ливерпул со 44. Арсенал е на 5.место со 41 бод, а шести е Манчестер Јунајтед со 39 бодови.
Следното коло од Премиер лигата се игра на 14 и 15.јануари.
Овој викенд се играат дуелите од 3.коло од ФА купот.